Свет

ЕУ предвидува пораст на економијата кон средината на годинава

12 Feb 2021

Официјални претставници на ЕУ предвидуваат економско закрепнување во рамките на европскиот блок до средината на оваа година, под услов да продолжи напредокот во борбата против пандемијата на коронавирусот. 

Во кварталниот извештај објавен вчера, ЕУ очекуваше порастот да биде 3,7 проценти оваа година и нешто повисок следната година. Економското забавување, кое започна кон крајот на минатата година, поради тоа што земјите почнаа повторно да воведуваат рестриктивни мерки, поради новиот бран на КОВИД инфекции.

Економскиот пораст треба да продолжи на пролет и да добие интензитет во текот на летото, бидејќи програмите за вакцинација напредуваат и мерките за контрола на вирусот полека почнуваат да се олеснуваат, се вели во извештајот.

ЕУ, исто така, посочи на одреден степен на неизвесност во прогнозата, поради ограничувачките мерки што остануваат во сила и високата невработеност. Тоа, според извештајот, има потенцијал да го забави порастот. Сепак, забрзаниот процес на вакцинација може да ги охрабри земјите-членки побрзо да ги отворат своите економии.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...