Свет

„Унилевер“ ја заврши 2020 со добивка од 5,6 милијарди евра

05 Feb 2021

Британскиот производител на средства за домаќинство, „Унилевер“, забележа нето добивка од 5,6 милијарди евра во 2020 година, што е за 0,8 отсто помалку во споредба со годината претходно. 

Во соопштението до медиумите се истакнува дека пандемијата влијаела на работењето, но и се истакнува отпорноста што компанијата ја покажува во тешки деловни услови. 

„Унилевер“ (кој меѓудругото ги произведува сладоледите Magnum и сапуните Dove), лани забележа поголема побарувачка на средствата за миење раце и за чистење домаќинство. Од друга страна, опадна продажбата на козметика.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...