Продажбата на трговскиот синџир „Алди“ на британскиот пазар во четирите седмици до 24 декември се зголеми за 10,6% во споредба со истиот период минатата година.
„Алди“ забележа значително зголемување на интернет-продажбата, особено на категоријата вино и на сегментот SpecialBuy (постелнина, облека, играчки, украси, опрема за кујна и за бања, кујнски прибор и садови, градинарска опрема и алати и сл.). Е-продавницата на германскиот синџир забележа пораст од 75% во споредба со 2019 година. За достава до домот, „Алди“ соработува со компанијата „Деливеро“.
Од трговската компанија порачуваат дека до 2025 година ќе издвојат дополнителни 3,5 милијарди фунти (3,9 милијарди евра) за набавка на храна од британските доставувачи. Трговецот моментално поседува околу 900 продавници во Велика Британија, а планира да достигне до 1.200 до 2025 година.
Остваривме рекордни резултати за Божиќ, за што придонесе и продажбата на нашите премиум прехранбени производи. Освен тоа, во декември поделивме и повеќе од 500.000 топли оброци, истакнуваат од менаџментот на „Алди“ – Велика Британија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.