Свет

Кинески компании бараат извозниците да ги дезинфицираат пратките со месо

31 Dec 2020

Кинеските увозници и преработувачи на месо ги повикаа извозниците од земјите во кои не е ставена под контрола пандемијата со Ковид-19, поригорозно да ги проверуваат пратките пред испораката.

Кинеското здружение за месо соопшти дека се пријавени случаи кога луѓето биле заразени по контакт со контаминирана амбалажа со новиот коронавирус.

Кина ја зајакна дезинфекцијата и тестирањето на замрзната храна откако откри Ковид-19 на производите од увоз и на амбалажата. Таквите мерки ги зголеми трошоците, ја наруши трговијата и ги вознемири главните извозници



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...