Свет

„Бери Калебаут“ отвори академија за чоколадо

11 Dec 2020
„Бери Калебаут“ отвори нова академија и канцеларија за чоколадо во Шенжен, настојувајќи на овој начин да ја приближи компанијата до своите купувачи на југот од Кина.
 
Новиот центар ја означува и третата академија за чоколада на „Бели Калебаут“ во Кина, покрај отворените во Пекинг и Шангај и 23 во светот. Овој потег претставува континуирана експанзија на компанијата во оваа земја, која почна пред 12 години. 
 
Досега повеќе од 5.000 учесници во Кина учествувале во обуките и демонстрациите во академиите за чоколада во Шангај и во Пекинг. Неодамна во центрите се одржаа и неколку интернет-предавања.  
 
Џорџ Чeнг, директор на компанијата „Бери калебаут“ – Кина, изјави: Отсега Шенжен е приоритетен пазар за многу компании што се шират во Кина и на глобално ниво. Важно е да имаме силна понуда таму каде што се нашите купувачи.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...