Свет

„Хенкел“ ја потврди прогнозата за 2020 година

11 ное 2020

„Хенкел“ успеа органски да ги зголеми своите приходи за 3,9% во третиот квартал од 2020 година, искористувајќи го унапредувањето на трендот во сегментот „убавина и нега“ како и забрзаната побарувачка за детергенти за време на пандемијата. 

Компанијата ја потврди прогнозата, објавена во октомври, со прелиминарните квартални податоци, вклучително и влијанието на коронавирусот врз сопствениот бизнис. Така, групацијата со стоки за широка потрошувачка со седиште во Дизелдорф очекува прилагодената заработка по претпочитана акција да продолжи да опаѓа за 18 до 22 проценти. Како резултат на намалувањето на продажбата во два од трите сегменти, приходите се очекуваат органски да опаѓаат од 1 до 2 проценти, при што прилагодената маргина на EBIT ќе се влоши на 13,0 до 13,5 проценти. Во 2019-та година, маржата беше 16,0 проценти.

Претпоставуваме дека негативните ефекти од пандемијата ќе ги почувствуваме и во четвртиот квартал, изјави извршниот директор Карстен Нобел.

Прогнозата за 2020-та година се заснова на претпоставката дека во последниот квартал нема да има големи блокади предизвикани од пандемијата на пазарите што се важни за „Хенкел“. Компанијата продолжува да очекува дека индустриската побарувачка и деловната активност во регионите што се важни ќе бидат под нивото од претходната година, но нема значително да се влошат.

Во третиот квартал, приходите беа 4,9 милијарди евра во споредба од 5,07 милијарди евра во претходната година, што е номинален пад од 1,5%. Во органска смисла, ова е зголемување од 3,9 проценти, како што веќе беше објавено со прелиминарните податоци на почетокот на октомври. 

Секторот „убавина и нега“, кој страдаше подолго време, исто така расте благодарение на зголемената продажба на мало во текот на кварталот со органски плус од 4,3%. Во вториот квартал падот беше скоро 13%, главно како резултат на затворањето на фризерниците, а во првиот квартал падот беше 4%. Втората по големина продажна единица, „детергенти и средства за чистење“ со брендови како што се Persil и Somat продолжи да расте во текот на кварталот како резултат на зголемената побарувачка. Органското зголемување е 7,7%, по 4,4% во вториот квартал и 5,5% во првиот квартал од годината.

Од оваа година, „Хенкел“ веќе нема да објавува податоци за добивка или загуба за периодот квартал или девет месеци. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...