„Хајнекен“ го презема брендот Strongbow во Австралија
05 Nov 2020
Светски познатиот производител на пиво, холандскиот „Хајнекен“, на силниот австралиски пазар го купи брендот јаболково вино Strongbow.
Освен тоа, „Хајнекен“ презеде уште два слични помали брендови, Little Green и Bonamy's. Холандската групација ќе добие и лиценца за дистрибуција на брендовите Stella Artois и Beck's. Така компанијата, која е подружница на на „Хајнекен“ во Австралија, ќе дистрибуира вкупно пет брендови до завршувањето на процесот на купување. Во моментов, портфолиото ги вклучува брендовите пиво Tiger, Sol, Monteith's и сајдерите Orchard Thieves.
Воодушевени сме брендот Strongbow стана дел од нас и што на овој начин го прошируваме работењето на австралискиот пазар, соопштија од „Хајнекен“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.