Свет

„Амазон“ вработи 100.000 луѓе во пресрет на празниците

29 Oct 2020

„Амазон“ објави дека ќе ангажира 100.000 сезонски работници во пресрет на празниците.

Нововработените ќе помогнат во исполнувањето на потребите во претстојната сезона на празнично купување, што е половина од вкупниот минатогодишен број откако компанијата драматично го зголеми бројот на вработени во текот на пандемијата.

До крајот на јуни 2020 година „Амазон имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот. Кон крајот на јули компанијата соопшти дека од март до јули има вработено дополнителни 175.000 луѓе, од нив 125.000 останале го задржале своето работно место.

Кон средината на септември компанијата вработи уште 100.000 луѓе во САД и Канада.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...