Трговските синџири во Србија со години откупуваат производи од пластениците на домашните производители, а во услови кога се затворени зелените пазари, тие со Министерството за земјоделство и со локалните власти бараат начини да го зголемат откупот на домашно овошје и зеленчук.
„Лидл“ соработува со 35 домашни доставувачи на овошје и на зеленчук. Од компанијата истакнуваат дека и покрај пандемијата, нема проблеми во снабдувањето.
Од „Делез“ – Србија истакнуваат дека директно соработуваат со повеќе од 50 локални доставувачи од целата земја. Со домашните производители имаме долгорочна соработка, така што година порано веќе е договорен пласманот во нашите продавници. Затворањето на зелените пазари дополнително ја зголеми побарувачката, а во нашите продавници предност секогаш им се дава на домашните производители, наведуваат од „Делез“.
Од „Метро кеш & кери“ велат дека опремувањето со стоки се врши непречено, а производите како и досега, се испорачуваат на централната платформа или директно во дистрибутивните центри, според однапред договорена динамика. Истакнуваат дека компанијата е секогаш отворена за соработка со локалните доставувачи.
И од „Универекспорт“ нагласуваат дека со години соработуваат со локалните овоштари, со некои и подолго од една деценија. Зеленчукот на полиците доаѓа од војводинските места – Гложан, Челарево, Кулпин, Бегеч и Мол, кои се наоѓаат во близината на Нови Сад, поради дневните испораки и евентуалните дополнувања во текот на денот, велат од „Унилевер“. Притоа, додаваат дека не е неопходна близината на локалните производители, но е од голема важност за свежината на тие производи: На пример, патлиџаните и краставиците наутро се берат на полињата, а веќе во 12 часот се во нашиот магацин, од каде што се испорачуваат до продавниците.
„Дис“ исто така, традиционално ги откупува производите од пластеници. Откупот се врши од територијата на цела Србија и како што наведуваат, досега немаат проблеми при испораката.
Извор: novaekonomija.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.