Регион

„Нектар“ привремено го измени логото

05 апр 2020

Логото на компанијата „Нектар“ е привремено изменето, за да се укаже на важноста за изолација и социјална дистанца.

Логото на компанијата е привремено променето од елипса во облик на куќа, а на неколку различни канали за комуникација, и буквите во називот на компанијата добија простор за себе, симболизирајќи ја физичката дистанца нужна за спречување на ширењето на корона вирусот.

Во овие денови, најважно е сите да останеме дома доколку работните обврски ни го дозволуваат тоа и да не излегуваме без некоја потреба. Овој комуникациски пристап зборува токму за тоа, се наведува во соопштението.

Од компанијата истакнуваат дека максимално се трудат да овозможат непречена достапност на своите производи на пазарот и во овие отежанати услови. Погоните на компанијата се активни, од производство, преку транспорт и логистика до дистрибуција на производите во сите продавници. Вработените во оваа компанија се заштитени при секој контакт што е потребно да се направи, за потрошувачите да не останат без производите Nectar.

 „Нектар“ донираше и средства за набавка на тестови за корона вирус. Еден од најголемите предизвици во врска со ширењето на вирусот е како да што побрзо да се открие кој е заразен и да се тестираат неговите контакти. Токму затоа, „Нектар“ донираше средства за набавка на тестови за дијагностика со што се приклучи кон напорите за спречување на епидемијата. На никого не му е сеедно во овие денови, но иако сме развоени, никогаш не сме поблиску едни до други, порачуваат од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...