Регион

Година на рекордни приходи, добивка и признанија за „Атлантик група“

27 Feb 2020

Атлантик група“ во 2019 година оствари приходи од продажба во износ од 724,2 милиони евра, што претставува раст од 3,4 отсто во однос на претходната година. 

Деловната добивка (EBITDA) изнесува 66,7 милиони евра и е 36,4 отсто повисока во однос на 2018 година, додека нето добивката е зголемена за 59,8 отсто и изнесува 52,0 милиони евра. Без еднократни ставки и промени на сметководствените стандарди, деловната добивка бележи раст од 13,1 отсто, додека нето добивката раст од 28,9 отсто.

„Атлантик група“ ја заврши 2019 година со историски највисоки приходи и профитабилност. Годината за нас беше исклучително успешна, и ја испративме како стабилна, финансиски просперитетна, како ниско задолжена компанија, со зајакнат менаџмент и јасна визија за иднината. Продолживме со стратегија на дезинвестирање во несуштинските дејности, а во исто време го зголемивме фокусот на области кои претставуваат главен генератор на растот и основа за идна трансформација. Посебно сме задоволни што пазарот на капитал го препозна нашиот севкупен успех, кој придонесе кон раст на вредноста на нашите акции и рекорден износ на дивиденда по акција, за што добивме и признание од Загребската берза за исклучителен придонес во развојот на пазарот на капитал, изјави Емил Тедески, извршен директор и председател на управниот одбор. 

Најмногу пораснале брендот Argeta, пијалоците и хрватскиот пазар. Вкупниот раст на приходите од продажбата во најголема мера се под влијание на стратешките деловни области: деликатесни намази со раст од 7,7 отсто,  и пијалоци со раст од 5,2 отсто.

Сегментот  кафе со 151,5 милиони евра приходи од продажба претставува 20,9 отсто од вкупните приходи, и се истакнува како најголема поединечна  категорија. Најзначаен раст во дистрибутивниот бизнис е  забележан на хрватскиот пазар со раст од 8,2 отсто, следи Словенија со раст од  3,7 отсто. Во вкупната продажба, сопствените брендови сочинуваат 64,1 отсто, главните брендови во дистрибуцијата се 27,5 проценти, а фармацевтскиот синџир учествува со 8,3 отсто.

Во почетокот на 2019 година беа потпишани нови дистрибуциски договори - Во Македонија со Ficosota i Beiersdorf, а на крај на годината во Србија и Словенија договори со Saponia i Kandit.

Беше зајакната и управата на компанијата која сега брои 6 члена.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...