Сладоледот Lino Lada на „Ледо“ е прогласен за најдобар сладолед во светот од страна на конзорциумот International Ice Cream.
Натпреварот се одржа во Шведска. Според оценувачите, станува збор за уникатен облик на сладолед, со иновативен мек прелив. Тоа што пресуди да стане најдобар сладолед во светот е „чувството дека јадете Lino Lada намаз, кој успешно е пренесен во сладоледот“.
Сладоледот настана во соработка со „Подравка“ и беше лансиран на пазарот во април годинава. Првите залихи беа распродадени за само неколку дена.
Lino Lada duo е комбинација од фин крем од лешник и млечен крем, а е направен од мек прелив од нугат и млечна чоколада.
Бидејќи Lino Lada со широлата палета на вкусови стана омилен бренд на крем намази, се покажа потреба за ширење на тој уникатен вкус и на други производи од сродни категории како што е сладоледот. Токму иновативноста и надградбата на перјаниците на „Подравка“ се основата на која го гради својот успех. Посебно не радува кога соработуваме со партнери. Така, „Подравка“ го иницираше развојот на садоледото Lino Lada, а идеален партнер за соработка беше „Ледо“, водечкиот производител на сладоледи на пазарот во Хрватска благодарение на својата кративност, идеите и технологијата. Со оваа соработка уникатниот вкус и доживувањето со Lino Lada намазот е пренесено во ледено искуство кое ги одушеви потрошувачите од целиот свет и светските експерти, соопштија од „Подравка“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.