Компанијата „Бамби“ е еден од добитниците на овогодишната Награда за успешна имплементација на системи за енергетски менаџмет и стандардот ISO 50001, koja ja доделува глобалниот форум Clean Energy Ministerial (CEM).
Во конкуренција од 100 светски компании, „Бамби“ доби признание за придонес и поттик на полето на заштеда на енергија, како со сопствени резултати, така и за промоција на нови идеи.
На ниво на компанија. вкупната заштеда на енергија (електрична и топлинска) изнесува 4.51 отсто во 2018 година, додека за намалување на емисијата на јаглерод диоксид изнесува над 1,325 метрички тони.
Ова е голем успех и признание за компанијата „Бамби“ и за сите вработени, како и за тимот за имплементација. Свеста за одржливо работење и потребата за заштита на животната средина се еден од клучните аспекти во нашата работа. Затоа сме посветени на оптимално користење на природните ресурси, и енергија, со континуирано намалување на отпадот што го произведуваме, изјави Горан Поповиќ, директор за операции во „Бамби“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.