Украинската „МХП“ и словенечката групација „Сиј“ постигнаа конечна цена на порамнување за акциите на „Перутнина Птуј“.
Новите сопственици ќе платат по 22,34 евра по акција, што е за 4,52 евра повеќе од првичната понуда. Рокот за поднесување на понудите е продолжен до 27 мај.
Украинскиот холдинг, сопственик на 90,69 отсто од акциите на „Перутнина Птуј“, по договорот за конечната цена на порамнување, ќе го докупи и преостанатите акции на „Перутнина Птуј“.
„МХП“ ја заклучи аквизицијата на групацијата „Птуј“ во средината на февруари, кога плати 176, 3 милиони евра за мнозинскиот удел. За повеќе од милион акции, на кои се однесува најновата понуда, ќе издвои уште 22,69 милиони евра. Новите сопственици сега ги проценуваат производните капацитети и планираат кон крајот на годинава да објават сеопфатен план за модернизација на „Перутнина Птуј“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.