Претходната недела беше положен камен-темелникот за фабриката за преработка на овошје „Х & С фрутс“, заедничка инвестиција на Србија и на Унгарија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Србија, Бранислав Недимовиќ, и заменик министерот за надворешни работи и трговија во Унгарија, Левенте Маѓар, присуствуваа на поставувањето на камен-темелник на фабриката за преработка овошје „Х & С фрутс“.
Недимовиќ истакна дека преработката на овошје и зеленчук во странство е спас за земјоделството во Србија, со напомена дека во првата фаза во фабриката ќе произведува каши и овошни концентрати.
Иницијативата за изградбата, како што беше истакнато, потекнува од 2016 година кога е одржана заедничка седница на Владите на Србија и Унгарија, а во текот на минатата година Владата на Србија бараше српски и унгарски партнери-компании кои имаат добри резултати и сила да го спроведат проектот. Меморандумот кој се однесува на формирање заедничка компанија од унгарски и српски фирми за производство и преработка на овошје во Ариље потпишан е на 9 февруари минатата година, во Будимпешта.
За оваа инвестиција Унгарија издвои 32 милиони евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.