Регион

Хрватски „дм“ им дава по 1.350 евра на вработените кои стануваат родители

26 Feb 2019

Компанијата „дм - дрогери маркт Хрватска“ за секое новородено или посвоено дете отсега на своите работници ќе им дава по 10.000 куни (околу 1.350 евра). Тоа е зголемување од 7.000 куни во споредба со поддршката од компанијата што досега ја добиваат за истата цел.

Работниците се нашата најголема сила и се темел на успехот на компанијата. Сакаме да им бидеме поддршка во сите фази од нивните животи. Пристигнувањето на нов член во семејството е посебна прилика што сакаме заедно да ја прославиме. Веруваме дека износот од 10.000 куни ќе им ја олесни набавката на потребните работи за детето, изјавија од компанијата.

Освен ова, вработените имаат право на по две стимулации во износ на просечна месечна бруто плата, можат да изберат флексибилно работно време, а посебна грижа се води и за мајките кога ќе се вратат од породилно отсуство. На сите родители вработени во компанијата, „дм-дрогери маркт Хрватска“ им дава слободен ден за првиот училишен ден.

Минатата година, работниците ја испратија со 75 бебиња во своите семејства.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...