Главната деловна вест во Србија минатата недела беше одлуката на „Кока-Кoла ХБЦ“ да ја купи српската компанија „Бамби“ за 260 милиони евра. Станува збор за најголемата досегашна трансакција во оваа дејност.
И покрај, на прв поглед високиот износ за овдешни прилики, Светослав Атанасов, генерален директор на „Кока-Кола ХБЦ Србија“, вели дека „Бамби“ ја добија за добра цена.
„Бамби“ е фантастична домашна компанија која успешно работи во Србија веќе половина век. Веруваме дека аквизицијата ќе ја засили нашата релевантност на пазарот и ќе ни даде можност да го зголеми своето присуство во клучните прилики за конзумација. Имаме големи комерцијални капацитети во Србија, така што е сосема природно да се интересираме за сродни категории, изјави Атанасов.
Тој додаде дека ќе продолжат да бараат можности и за други за помали аквизиции. Во Грција исто така развија производство на грицки под брендот Tsakiris, кој по пазарното учество е многу помал од „Бамби“, но има стабилен раст од година во година.
Нашата одлука да преземеме процес на аквизиција на „Бамби“ е затоа што оценивме дека во ова опкружување има добро услови за работа. Плановите ни се амбициозни, баш како што беа и во последните 50 години, колку што сме присутни во Србија. Ќе продолжиме да бидеме дел од заедницата и нејзин партнер и да придонесуваме за разбој на општеството, изјави Атанасов.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.