Регион

Украинска „МХП група“ доби дозвола да ја купи „Перутнина Птуј“

19 Feb 2019

Словенечката агенција за конкуренција (АВК) даде согласност на украинската холдинг-компанија „МХП група“ да ја преземе компанијата „Перутнина Птуј“. 

Со тоа е отстранета и последната пречка за конечна продажба на 91 отсто од акциите на „Перутина Птуј“, според договорот што компанијата го потпиша со „МХП група“ во ноември минатата година.

Пред словенечкиот регулатор, одобрението го издадоа органите за конкуренција во Австрија, Србија, Македонија и Романија. 

Украинските инвеститори објавија дека ќе инвестираат околу 200 милиони евра во производната база во наредните четири до пет години, за да го зајакнат постојниот вертикално интегриран бизнис модел на компанијата. Новите сопственици предвидуваат и раст на продажбата на брендовите на „Перутнина Птуј“ во Словенија и во останатите земји од регионов. 

Зад „МХП група“, најголемата украинска компанија за преработка на живина, стои Јуриј Косиук, милијардер од листата на „Форбс" за најбогати луѓе во светот. Неговото богатство е проценето на 1,4 милијарди долари. Тој поседува 77 отсто од „МХП", компанија која котира на Лондонската берза. стои украинецот Јуриј Косиук, милијардер од листата на „Форбс" за најбогати луѓе во светот. Неговото богатство е проценето на 1,4 милијарди долари. Тој поседува 77 отсто од „МХП", компанија која котира на Лондонската берза. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...