Регион

„Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД

09 Oct 2018
Словенечката компанија „Перутнина Птуј" ќе се обиде да направи пробив на американскиот пазар со тоа што ќе почне да ги продава саламите Poli на таканаречените етно пазари на источниот брег на САД. 
 
Со овој бренд ги следиме луѓето кои ја познаваат нашата пилешка салама од поранешна Југославија, а сега живеат во странство. Со американскиот партнер веќе потпишавме договор за локално производство и дистрибуција, изјави Давид Вишењак, извршен директор за трговија во „Перутнина Птуј". 
 
Poli, Argeta и Vegeta се најсилните брендови на етничките пазари во оние делови на САД и Европа каде живеат емигранти од поранешна Југославија. 



 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...