„Бадел 1862“ продолжува со консолидирање на домашното производство на алкохолни пијалаци со преземање на „Агролагуна“, со што станува најголем производител на квалитетни и врвни вина во Хрватска.
Со овој стратешки потег го обединуваме најдоброто од Далмација, континентална Хрватска и Истра и стануваме најголемиот производител на винско грозје во Хрватска со вкупно 800 хектари лозови насади низ цела Хрватска. Го зголемуваме производството на вино на 6,5 милиони литри годишно и заземаме лидерска позиција во три од четирите клучни категории на вина: Малвазија, Плавац и Розе. Преземањето на „Агролагуна“ е логичен чекор во остварувањето на нашите развојни планови и амбиции и консолидирање на домашното производство. На новите колеги, вработени во „Агролагуна“ им посакуваме топло добредојде во нашиот тим! Очекуваме заедничка соработка, идни инвестиции и раст. Благодарност до сите колеги од „Агролагуна“и „Бадел“ и групацијата „Фортенова“ кои учествуваа во реализацијата на оваа трансакција, соопштуваат од „Бадел 1862“.
Извор/Фото: Linkedin
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.