Максимилијано Френца е назначен за нов извршен директор на „Лореал“ во регионот Адриа-Балкан. На оваа позиција, тој ја наследи Вања Панајотова, која беше на чело на компанијата од 2020 година.
Френца има долгогодишно искуство во управувањето со тимови и брендови на „Лореал груп“ ширум светот, каде што ја почна својата кариера во 1999 година, работејќи на клучни позиции во компанијата. Во регионот Адриа-Балкан, тој ќе биде одговорен за управување со операции на вкупно девет пазари, со повеќе од 500 вработени.
За мене е огромно задоволство да се приклучам на одличниот тим на „Лореал“ во овој регион, кој добро го познавам и го следев неговиот извонреден развој со години. Уверен сум дека заедно ќе постигнеме уште поголем успех, потпирајќи се на талентот на нашите луѓе, силата на нашите брендови и иновации, благодарение на кои создаваме убавина што го движи светот, рече Френца.
Френца ја почна својата кариера во „Лореал груп“ во Венецуела, по што се приклучи на тимот на „Лореал Париз“ во Шпанија, а потоа раководеше со зоната на Латинска Америка. Работел и како маркетинг-директор за бендот Garnier во Мексико, во 2010 година бил назначен за генерален директор на „Лореал“ за Карибите, а во 2014 година како генерален директор на Одделот за потрошувачки производи во Мексико. Од 2018 година е генерален директор на истиот оддел во зоната на Централна и Источна Европа, а во 2023 година се пресели на позицијата глобален директор на NEO Hypercare, проектот за трансформација на деловниот систем на „Лореал“.
Промената на чело на L'Oréal во регионот Адриа-Балкан следи по петгодишниот мандат на Вања Панајотова, која раководи со компанијата во Романија и регионот Адриа-Балкан од март 2020 година.
Извор: InStore
Фото: „Лореал“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.