Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Матео Патроне беше во работна посета на Црна Гора, каде заедно со делегација од оваа финансиска институција ја посети компанијата „Воли“. На средбата, претставниците на ЕБОР изразија задоволство од досегашната соработка со „Воли“, опишувајќи го како најважен клиент во Црна Гора, како и пример за успешно корпоративно управување во регионот.
Беше големо задоволство да ја започнеме неделата со посета на Црна Гора и еден од нашите најважни клиенти во земјата, „Воли“. Ова е исклучително инспиративен претприемач и неговиот тим, кои прават фантастична работа во развојот на дистрибуцијата и модернизирањето на малопродажниот сектор. Горди сме на нашето долгогодишно партнерство со „Воли“ и имаме намера да ја продолжиме нашата соработка со компании кои претставуваат најдобри примери за менаџмент и корпоративно управување во регионот, а „Воли“ е секако еден од таквите примери, истакна Патроне.
Драган Бокан, претседател на „Воли“, истакна дека „Воли“ преку три големи проекти на ЕБОР успешно реализира инвестиции во производство на соларна енергија, вредни повеќе од два милиони евра, додека новиот договор вреден четири милиони евра е насочен кон проширување на капацитетот на соларни панели на покривите на продавниците за малопродажба.
Горди сме на нашата соработка со ЕБОР, која трае од 2009 година преку финансирање заеми, а од 2015 година преку сопственичката структура. Ова ни овозможи дополнително да ја подобриме деловната дисциплина и да ги зајакнеме односите со домашните производители на месо, млеко и земјоделски производи. Сигурни сме дека идните заеднички инвестиции дополнително ќе придонесат за развојот на црногорската економија, изјави Бокан.
Покрај инвестициите во одржливи извори на енергија, „Воли“ и ЕБОР разговараа и за идни проекти, меѓу кои и изградба на нов „Супер Воли“ на местото на поранешната фабрика „Радоје Дакиќ“, вредна 30 милиони евра. Новиот објект, кој ќе се простира на 25.000 метри квадратни, ќе вклучува хипермаркет, ресторан и деловна зграда.
Извор: InStore.rs
Фото: „Воли“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.