Компанијата „Фруктал“ ќе инвестира повеќе од седум милиони евра во одржливост, иновации и подобрување на работните услови како дел од најголемиот инвестициски циклус во последните десет години.
Инвестициите вклучуваат воведување напредни технологии и одржливо пакување, модернизација на производствени линии за поголема енергетска ефикасност, изградба на соларна централа за зелена енергија, како и подобрување на условите за работа на вработените, објави компанијата на „Линкедин“.
Кога станува збор за пакувањето, тоа е ново пакување Тетрапак со 52% помали емисии на CO2 и ознака „Carbon Verified“.
Компанијата, исто така, воведе нова линија за puch амбалажа, прва од ваков вид во Словенија, како и соларна централа во рамките на нејзината фабрика во Ајдовшчина. Соларни панели, поставени на покривот на фабриката за овошни производи и на административната зграда на компанијата, имаат производствен капацитет од 650 MWh зелена електрична енергија годишно.
На нашиот 80-годишен јубилеј, кој годинава го славиме, докажуваме дека сè уште сме синоним за квалитет, иновативност и посветеност на словенечкото потекло, соопштуваат од компанијата.
Извор/Фото: „Фруктал“/LinkedIn
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.