Трговскиот синџир „Певекс“ ја заврши годината со отворање на 31 продажен центар во Забок, на адреса Д-р Фрањо Туџман 7ф.
Продажниот центар кој се протега на површина од речиси 5.000 квадратни метри, на потрошувачите им нуди над 20.000 производи и во него се отворени работни места за 48 лица.
Покрај тоа што станавме подостапни за нашите купувачи со доаѓањето во Забок, ние секако придонесовме за економијата на Крапинско-загорската жупанија бидејќи отворивме нови работни места. Со понатамошен развој на компанијата, создаваме сигурна основа за идните генерации. Она што дефинитивно сакам да го истакнам е фактот дека ги реализираме сите планови, така што отворањето во Забок е исполнување на нашите цели за проширување, изјави Крешимир Бубало, претседател на Управниот одбор на „Певекс.“
Вкупната вредност на инвестицијата е осум милиони евра и е дел од инвестицискиот циклус на компанијата, кој опфаќа 40 продажни центри низ цела Хрватска.
„Певекс“ моментално има 31 продажен центар во 27 градови низ Хрватска, а компанијата најави отворање на нов центар и во Пожега, каде неодамна купи парцела со површина од речиси 15.000 квадратни метри. Покрај центарот во Пожега, во моментов се градат и центри во Госпиќ, а се подготвуваат за изградба на центри во Ѓаково, Дугопоље, Вараждин и уште на неколку локации.
Извор: InStore.rs
Фото: „Певекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.