Регион

Србија: „Лидл“ заедно со потрошувачите донираа за Црвениот крст

20 Dec 2024

Компанијата „Лидл“ - Србија со помош на своите потрошувачи донираше средства во вкупен износ од 6.300.000 динари (53.860 евра)​ на корисниците на Црвениот крст на Србија како дел од традиционалната празнична кампања „Мали дела – голема магија“.

Со купување на препорачаните производи и нивно депонирање на назначеното место зад касите на продавниците на „Лидл’, потрошувачите во периодот од 12 ноември до 6 декември донираа повеќе од 30 тони производи во вредност од 4,5 милиони динари. Дополнително, како дел од новогодишната кампања, „Лидл“ во својот асортиман вклучи и ограничена серија на плишани играчки од ракунот Раша, а со секој купен  плишан ракун се обезбедуваа по 100 динари за програмата за Народна кујна на Црвениот крст на Србија.

Производите кои потрошувачите најмногу ги донираа, како брашно, масло, ориз, шеќер и тестенини, ќе ги направат празниците многу побезгрижни за нашите ранливи сограѓани.

Вклучувањето на нашите потрошувачи во солидарните акции и нивниот придонес, кој од година во година се зголемува, нѐ прави исклучително среќни и горди, кога ќе се здружиме, секогаш можеме да сметаме на значајни резултати од хуманитарните акции. Секој придонес, без разлика дали е донација или некој друг вид на поддршка, покажува колку малите акции можат да имаат големо значење за нашата заедница, изјави Александра Мириќ од „Лидл“ Србија. 

Благодарност за донацијата изрази генералниот секретар на Црвениот крст на Србија, Љубомир Миладиновиќ.

Годинава традиционалната Делукс вечера на „Лидл“ беше во духот на акцијата „Мали дела – голема магија“. Бројни познати личности учествуваа во создавањето на магични празници за корисниците на белградското детско прифатилиште, со цртање на божиќни топки и споделување на содржина од вечерата на нивните канали на социјалните мрежи. Оваа автентична и рачно изработена топка симболично го донесе празничниот дух во детското прифатилиште и го украси, а дополнително „Лидл“ одвои по 1.000 динари за секоја гостинска приказна и објава на социјалните мрежи таа вечер. Од вкупниот број на најави на гостите од вечерата собраа сума од 100.000 динари. Потоа, во оваа прилика „Лидл“ „подари“ уште една нула и обезбеди вкупна донација од 1.000.000 динари за детското прифатилиште.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...