Регион

Хрватска: Агенцијата за заштита на конкуренцијата покрена постапка против „Кауфланд“

19 Dec 2024

Агенција за заштита на пазарната конкуренција на Хрватска (АЗПК) соопшти дека покрена управна постапка против „Кауфланд“ со цел да утврди дали со помош на значителна преговарачка моќ наметнала нефер трговски практики на своите добавувачи на земјоделски и прехранбени производи.

Агенцијата ја започна постапката по службена должност, бидејќи во процесот на проверка на усогласеноста на деловното работење со купувачите согласно со одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со храна, утврди постоење на индиции дека трговецот во својата дејност постапил спротивно на одредбите од законот.

Како што стои во соопштението, агенцијата во управната постапка ќе ги испита сите елементи поврзани со содржината и спроведувањето на деловните односи на „Кауфланд“ со своите добавувачи на земјоделски и прехранбени производи, а одлука ќе биде  донесена  по целосно утврдување на фактичката состојба.

Агенцијата забележува дека самото поведување управна постапка против одреден синџир не мора да значи утврдување повреда на законот, но во поведената управна постапка, Агенцијата е должна да ги утврди сите релевантни факти и околности, односно конкретни докази кои ги потврдуваат индициите дека биле причина за поведување на постапката.

 

 

Извор: Seebiz

Фото: „Кауфланд“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...