Регион

Хрватска: dm донираше 13.000 евра за борба против ракот на простата

17 Dec 2024

На 9 декември dm и театарот „Керемпух“ предадоа донацијата од 13.193 евра на Институтот „Руѓер Бошковиќ“, која ќе се искористи за истражување на ракот на простата.

Оваа донација е остварена како дел од деветтото издание на кампањата Мовембер, чија цел е да се подигне свеста за болестите кои ги погодуваат мажите, како и да се поттикнат редовни превентивни (само) прегледи.

Докторот, специјалист, Давид М. Смит, од Институтот „Руѓер Бошковиќ“ изрази благорадност за повеќегодишната континуирана поддршка од dm.

Оваа поддршка и овозможува на нашата лабораторија за наследен рак систематски да проучува и развива нови пристапи во борбата против ракот на простата, изјави Смит.

Во текот на девет години, dm обезбеди повеќе од 80.000 евра за истражување на рак на простата, а научниците испитуваа протеински маркери во 160 клинички примероци од рак на простата и 65 здрави примероци на простата.

Заедно можеме да направиме разлика во борбата против ракот на простата!, соопштуваат од dm  на својот профил на „Линкедин“.

 

 

Фото/Извор: dm дрогерие маркт – Хрватска/Linkedin



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...