Регион

Србија: dm донираше за Народните кујни на Црвениот крст

04 Dec 2024

Благодарение на своите лојални купувачи, dm во последниот петок од месец ноември издвои пет отсто од дневниот промет во рекорден износ од 6.051.843,00 динари за донација на Народните кујни на Црвениот крст на Србија.

Во рамките на традиционалната иницијатива Giving Friday,   dm веќе шеста година по ред укажува на важноста на солидарноста, токму на Black friday, кога целиот свет претежно е свртен кон препознатлива купувачка треска.

Во годината на големиот јубилеј, кога слави две децении од работата, една од општествено најангажираните компании кај нас  продолжува со хуманите активности, како што е Giving Friday, чија цел е да укаже на проблемот со растечкиот глад во светот, но и да ја покаже силата на хуманоста на дело.

Со гордост гледаме на тоа како нашите купувачи, препознавајќи ја вредноста на дарувањето, го претворија Black friday во вистински празник на солидарноста и хуманоста. Во dm, општествената одговорност е повеќе од деловен принцип; тоа е сржта на нашиот идентитет, а иницијативата Giving Friday со години нѐ инспирира да се здружиме како заедница со благородна мисија. Веруваме дека оваа иницијатива ќе продолжи да расте, зајакнувајќи ја нашата заедница и градејќи општество каде емпатијата и поддршката се секојдневие, изјави Тања Костиќ, тим лидер  на тимот за односи со јавност, општествена одговорност и корпоративни комуникации во dm дрогерие маркт - Србија.

 Од 2020 до 2023 година, dm донираше над 15,3 милиони динари како дел од кампањата Giving Friday, со што  обезбеди повеќе од 122 тони храна за корисниците на Народните кујни во 65 градови низ државата.

Благодародност за донацијата изрази генералниот секретар на Црвениот крст на Србија, Љубомир Миладиновиќ.

 

 

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: dm дрогерие маркт Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...