Со отворање на седум нови „Макси“ супермаркети низ Србија, како и реновирање на две продавници во Белград и Ниш, малопродажниот синџир „Делез“ – Србија во текот на ноември продолжи да ја шири и подобрува својата малопродажна мрежа.
Отворени се нови супермаркети во Сјеница (Кулина Бана 27), Петроварадин (Предовиќева 124-128), Кикинда (Михајло Пупин 18), Суботица (Сегедински пут 88Ј), Врњачка Бања (Војвоѓанска 2Ј), Обреновац (Цар Лазар 12) и Нови Сад (Долна шума).
Продавниците на потрошувачите им нудат широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи, кои вклучуваат свеж леб и печива од „Макси“ пекарата, како и свежо месо, сувомеснати млечни производи и свежо овошје и зеленчук.
Покрај стандардните, во новите продавници се поставени и каси за самопослужување кои го прават купувањето побрзо и поефикасно.
Во рамки на континуираниот процес на подобрување на малопродажната мрежа, модернизирани се и „Макси“ продавницата на улица Зорана Ѓинѓиќ, 11 во Ниш, како и „Макси“ супермаркетот во Белград, на Чика Љубина, 8.
Континуираната работа на проширување и модернизација на малопродажната мрежа е показател за стратешката определба на трговскиот синџир „Делез“ - Србија да им понуди на што повеќе купувачи можност да купат најквалитетна храна, да заштедат во домашниот буџет и да поминат пријатно време во купување во најблиската населба, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Делез“ - Србија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.