Регион

Словенија: „Хенкел“ со поддршка за младите спортисти

18 Oct 2024

Компанијата „Хенкел“ се приклучи  на акцијата „Јас сум спортист“ која ја организира „Друштво на пријатели на младите во Словенија“.

Во текот на септември, компанијата од секое купување на Persil во продавниците на „Шпар“ одвојуваше одреден износ за фондацијата која ги поддржува младите спортисти.

Благодарејќи на нашите купувачи и љубителите на нашиот детергент Persil, успеавме да ја реализираме хуманитарната акција. Нѐ радува што повторно можеме да соработуваме со Друштвото на пријатели на младите во Словенија и што овој пат можеме да им помогнеме на децата и на младите од социјално загрозените средини да го остварат својот спортски потенцијал, изјави Слаѓана Мичич, директорка на „Хенкел консумер брендс“.

Компанијата на Друштвото му врачи донација во износ на 10.000 евра, кои ќе се искористат да им се овозможи на младите спортисти да тренираат.

Нашите штитеници немаат финансиска можност да одат на тренинзи, а други имаат проблеми со набавката на спортска опрема, но сите имаат многу љубов, мотивација и амбиција за спортување. Нашето Друштво ги поддржуваа сите мали спортисти да ги остварат своите соништа, без оглед дали се работи за фудбал, атлетика, танц или карате. Со оваа донација ќе им дадеме ветер во грбот на многу млади луѓе кои пред себе имаат блескава иднина во спортот, изјави Бреда Крашна, гененерална секретарка на Друштвото.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Хенкел“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...