Регион

Хрватска: „Певекс“ отвори централно складиште во Јанкомир

07 Oct 2024

Трговскиот синџир „Певекс“ го отвори своето централно складиште во Јанкомир, вредно 15 милиони евра, а претседателот на управата на компанијата, Крешимир Бубало, посочи дека инвестицијата е од сопствени средства.

Експанзијата е пред нас, до крајот на годинава ќе ја нивелираме стратегијата, изјави Бубало и додаде дека планираат ширење и надвор од Хрватска, но не изнесе детали околу тоа.

Во „Певекс“ денес вработени се околу 2.500  лица  во 29 центри, а 50 отсто од приходите доаѓаат од сопствените објекти. Бубало изјави  дека до крајот на годината планираат да купат уште неколку парцели, за еден месец ќе го отворат својот 30-ти објект во Порече, 31-виот ќе биде готов во декември во Жабок, во изградба е и објектот во Госпиќ. , а многу скоро ќе започне изградбата во Ѓаково, Дугопоље и уште неколку локации.

Според остварените приходи и резултати, „Певекс“ е меѓу 25.водечки компании во Хрватска.

Централното складиште во Јанкомир се протега на површина од 15.00 квадратни метри, а западниот дел на Загреб се покажа како идеална позиција за логистичко дистрибутивниот центар на „Певекс“, поради добрата сообраќајна позиција, близината на загребската обиколница и пристапот до автопатот, соопштуваат од „Певекс“.

Складиштетот е опремено со соларни панели за производство на електрична енергија, со што се потврдува насоката на компанијата за развој и примена на еколошки решени во зачувување на околина и одржливото работење.

Според објавените податоци, минатата година нето довивката на „Певекс“ изнесувала над 43 милиони евра и била поголема за 25,96 отсто во однос на претходната година.  Остварените приходи изнесувале околу 446,1 милиони евра што е пораст за 15,55 отсто во однос на претходната година.

 

Извор/Фото: „Певекс“ 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...