Регион

Србија: „ДТЛ Персу“ започна со донирање на огрев за социјалните семејства

03 Oct 2024

„ДТЛ Персу маркети“ кои годинаваа одбележуваат десет години од хуманитарната акција „Топол динар“, на 1.октомври ја започнаа акцијата за делење на огрев за 100 социјално загрозени семејства на територијата на Војводина.

Од секое остварено купување во периодот од 1 до 30 септември, маркетите „ДТЛ Персу“ донираа по еден денар и така успеаа да соберат средства за набавка на огрев за 100 најзагрозени семејства кои живеат во над 90 населени места низ Војводина во кои работи компанијата.

Како и секоја година, акцијата имаше голема поддршка од потрошувачите и од пријателите и партнерите како што се „Фриком“, „Марбо“, „Пионир“, „Гранд кафа“, „Имлек“, „Мај ворлд“, „ЗЗ Рајиќ аграр“ и други.

 Им се заблагодаруваме на сите кои ја препознаа оваа хуманитарна акција како значајна и дадоа поддршка истата успешно да се реализира. Посебно сме горди што оваа година ќе дојдеме до бројка од 1.000 семејства на кои преку оваа акција успеавме да им внесеме малку топлина во нивниот дом. Веруваме дека акцијата „Топол динар“ ќе продолжи и во следната деценија успешно да се реализира и дека ќе придонесеме уште позначително на нашите сограѓани да им намалиме грижа помалку, соопштуваат од компанијата.

 „ДТЛ Персу“ маркети веќе 27 години работи како малопродажен формат во рамките на доо „ББ трејд“. Трговската дејност ја врши во 174 малопродажни објекти на територијата на Војводина и Белград. Членки се на Домашниот трговски синџир – „ДТЛ“, кој денес обединува 13 трговски компании со над 770 малопродажни објекти низ Србија во кои работат над 7.000 лица .

 

Извор: InStore.rs

Фото: „ДТЛ Персу“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...