Регион

Србија: „Миони“ отвори нов производствен погон

03 Oct 2024

Во селото Клјуч во близина на Мионица свечено е отворен нов производствен погон на фабриката „Миони“ која е членка од деловниот систем на „Делта холдинг“.

Инвестицијата е вредна 16 милиони евра и ќе овозможи удвојување на производните капацитети на фабриката за над 500 милиони литри годишно, примена на најсовремената технологија и понатамошен развој на брендот.

Генералниот директор на фабриката „Миони“, Саша Мичич, во обраќањето пред присутните го истакна стратешкото значење на новиот производствен погон.

Оваа инвестиција ја одржува нашата посветеност во долгорочниот развој, модернизацијата и унапредување на капацитетите, со што создаваме цврст темел за идните успеси. Нашата нова производна линија, со капацитет од 31.500 шишиња на час, со формат од 1,5 литри и 44.000 шишиња на час од по 0,5 литри, ќе ни овозможи да бидеме многу побрзи и ефикасни во период кога побарувачката за нашите производи е висока.  Со новата опрема ќе бидеме во можност за 24 часа да наполниме скоро 2 милиони литри или 100 шлепери со производи, што е двојно повеќе од тоа што го можевме во претходните години. Покрај тоа, преку примената на R-PET материјалот и производството на „лесни шишиња“ кои користат преку 25% помалку пластика, правиме значаен чекор кон одржливото работење и зачувување на животната средина, изјави Мичич.

Тој ги истакна дека иновациите кои ги очекуваат преку поддршката од партнертнерите ќе им овозможат понатамошен раст и ширење во регионот, како и на сите извозни пазари во Европа и светот.

Покрај технолошкото унапредување, фабриката инсталира и соларни панели како дел од стратегијата за еколошки одржливо работење, а постројката за третирање на отпадните води е во завршна фаза и ќе биде важен чекор за зачувување на природните ресурси.

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делта холдинг“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...