Регион

Србија ќе започне преговори за слободна трговија со Јужна Кореја

19 Sep 2024

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ, наскоро ќе ја посети Јужна Кореја каде што ќе започне преговори за потпишување на договор за слободна трговија.

Кореја е земја која некогаш беше многу сиромашна, но, одамна за неа не се зборува како за „азиски тигар“, туку како земја која спаѓа во најразвиените светски економии, изјави Момировиќ во своето гостување на „Тв К1“.

Министерот посочи дека Јужна Кореа е во 20.најразвиени земји во светот и дека е влезена во петтата индустриска револуција. Тој изјави дека Кореја „има најмодерни автомобили и цела индустрија поврзана со ИТ технологијата“.

Целта ни е да потпишеме договор за слободна трговија со Јужна Кореја и таму да извезуваме производим дополнително да увезуваме во економијата, да ги зголемиме инвестициите кои носат високи плата и висока технологија, изјави Момировиќ.

 На новинарското прашање дали во јануари следната години може да се очекува акцијата „Најдобра цена“, Момировиќ посочи дека ресорното министерство ги следи цените, но не може да вети предвреме дека ќе се повтори акцијата.

 Ја следиме ситуацијата со цените, лесно е да се рече дека цените ќе бидат уште пониски, но тоа би било неодговорно, во овој момент рано е да се зборува за тоа, изјави Момировиќ.

 

Извор: eKapija

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...