Регион

Хрватска: „Кауфланд“ отвори нов супермаркет во Вараждинската жупанија

19 Sep 2024

„Кауфланд“ го отвори својот трет продажен објект во Вараждинската жупанија. Новиот супермаркет е на адреса Иван Гундулуќ 16 и е 49.маркет на овој трговски синџир во Хрватска.

Покрај попустите и акциите, секој купувач доби и мал подарок, a „Кауфланд“ организира и забавна програма со што дополнително ја „зачини“ славеничката атмосфера. 

По повод отворањето на супермаркетот компанијата донираше 5.000 евра на Домот за здравје во Иванец, наменети за уредување на гинеколошката ординација.

Супермаркетот е на површина од 2.000 квадратни метри, со 173 паркинг места и 12 каси, а во маркетот ќе бидат вработени 34 лица.

Извор/Фото: „Кауфланд“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...