dm дрогерие маркт повторно ги отвори вратите реновираната дрогерија во Тузла, која се наоѓа на адреса Универзитетска 16 (ТЦ „Омега“).
Како што се наведува во соопштението од компанијата, потрошувачите во новиот и модерен амбиент ќе може да уживаат во широкиот асортиман на производи за убавина, нега, здравје, домаќинство, за мајки и деца, како и уште многу други производи.
По повод отворањето компанијата подготвила подарок торби за купувачите кои направиле сметка над 15 евра, а на сите купувачите кои направиле сметки над 35 евра добиле за подарок dm чадор.
Отворањето на реновираната продавница компанијата го одбележа и со донирање на 5.000 конвертибилни марки (2556 еу) на гимнастичкиот клуб „Салто“.
Со преуредувањето на нашите dm продавници и потрагата за нови локации, повторно имаме можност да се поврземе со локалната заедница. Оваа иницијатива ни овозможи уште повеќе да им се приближиме на нашите купувачи и да им обезбедиме пријатно искуство во купувањето. Постојано ја шириме нашата понуда на производи по поволни цени, а нашите купувачи можат да уживаат во бројните погодности преку програма за лојалност. Мило ни е што имавме можност со донација да го поддржиме гиманстичкиот клуб „Салто“, кој вложува голем труд во развојот на младите спортисти, изјави Аднан Јашаревиќ, регионален менаџер во dm дрогерие маркт.
Извор: Instore
Фото: dm дрогерие маркт
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.