Регион

Србија: Отворен е нов „Дис“ маркет во Ваљево

27 Aug 2024

Трговскиот синџир „Дис“ отвори нова продавница во Ваљево, која се наоѓа на улицата Караѓорѓева 120, во рамките на „Кингс ритејл парк“, со што компанијата ја прошири својата продажна мрежа на 52 продавници.

 Маркетот се протега на површина од 1.200 квадратни метри и има понуда од над 7.500 производи, меѓу кои се може да се најдат свежо овошје и зеленчук, месо од домашни фарми како и свежи печива од сопствената пекарница.

На денот на отворањето компанијата подготви специјални подароци и акции за потрошувачите, па така секој 50.купувач беше награден со бесплатно купување, а за секоја сметка над 1.000 динари купувачите добиваа „Дис“ торбички, додека трите најголеми сметки беа наградени со трамполина, сет куфери и шатор „Игло“ за три лица.

 

Извор/Фото: „Дис“/Линекдин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...