Регион

Хрватска: Лансирана е првата апликација за купување на вишокот на храна

27 Aug 2024

Преку апликацијата crumbs.hr  хрватските купувачит по значително ниски цени  ќе можат да пронајдат свежа храна која останала непродадена во текот на денот.

Целта е да се намали расипувањето на храната и да се придонесе во одржливоста,а апликацијата засега има база од педесет продажни локации. Покрај храна преку неа ќе се нудат и други производи кои имаат краток рок на траење.

 Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 280.000 тони храна или 71 килограм по жител. Речиси 40 проценти од неа е храна за јадење, што беше причина за создавање на апликацијата Crumbs.hr преку која корисниците можат да најдат храна која не е продадена во текот на денот во продавници, пекари, ресторани, овоштарници и други угостителски објекти и да  ја купат по значително пониска цена. Апликацијата функционира на тој начин што корисниците на платформата можат да изберат т.н.  пакети со изненадување кои содржат вишок храна од тој ден и да го подигнат   во продавница или во угостителски објект со најмалку 50 проценти попуст.

Содржината на пакувањето не е целосно позната бидејќи објектите не знаат каква храна ќе остане на крајот од денот, но корисниците можат да бидат сигурни дека она што ќе го купат е со рок на траење и со попусти од 50 до 70 проценти. . Целта на платформата е да се намали отпадот од храна и преку поврзување на корисниците со сите оние кои ја продаваат, да придонесе за поодржливо општество, објаснува основачот на платформата Crumbs.hr, Антонио Матушан.

Платформата моментално има околу педесетина продажни локации во Загреб, а нивниот број расте од ден на ден. Со текот на времето за корисниците ќе се нуди  и достава со што  купувачите нема да имаат потреба лично да ги подигнуваат производите од локациите.

Извор/Фото: InStore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...