Регион

Србија: „Лидл“ ја продолжува соработката со Црвениот крст

13 Aug 2024

Соработката на „Лидл“ – Србија со Црвениот крст, која започна со отворањето на првите продавници на „Лидл“ во Србија, преку која се реализираа бројни проекти, веќе станува традиција.  

Оваа година компанијата му донираше 1.800.000 динари на Црвениот крст  -Србија,  со цел да го поддржи доброволното дарување на крв и дополнително поддржа бројни доброволни акции за доброволно дарување крв во различни градови во Србија во текот на јуни, јули и август на паркинзите на продавниците „Лидл“. Исто така, вработените во „Лидл“ со сето срце се вклучија во оваа соработка.

Во една од акциите учествуваше и Александра Мириќ, која пред Одделението за социјална и општествена одговорност на „Лидл“ Србија, доброволно даруваше крв, со цел да се даде поддршка и  да придонесе за обезбедување стабилни резерви на крв во  земјата во текот на летото, кога се залихите се мали. Целта на оваа иницијатива е да даде добар пример, односно да ја поттикне јавноста колективно да се вклучи во општествено одговорни акции.

Човечката солидарност и хуманоста можат да играат клучна улога во борбата за нечиј живот, затоа е важно да се потсетиме на овие вредности и да го дадеме нашиот придонес, рече таа.

 Доброволните крводарителски кампањи поддржани од компанијата се спроведуваат на паркинзите на продавниците „Лидл“, во мобилните центри – возила за трансфузија на Заводот за трансфузија на крв од Србија и Заводот за трансфузија на крв од Војводина. Во акциите во повеќе градови во Србија беа собрани вкупно 155 единици крв. Во текот на август автомобилот за трансфузија ќе биде во Кикинда, Бачка Паланка, Врбас и Белград.

Извор: Instore.rs

Фото: „Лидл“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...