Регион

Србија: Отворени се две нови и три реновирани продавници на „Макси“

01 Aug 2024

Минатиот месец,  со отворањето на два нови супермаркета на „Макси“ во Чачак  и Нови Сад, како и со отворањето на реновираните продавници во Белград и Краљево, компанијата „Делез“ – Србија, продолжи со ширењето и модернизацијата на својата малопродажна мрежа.

Новиот „Макси“ супермаркет во Чачак, кој е на адреса Славко Купеж 11, нуди широк асортиман на производи, со фокус на свежите производи како што се овошјето и зеленчукот, пекарските производи, а во својата понуда нуди и голем избор на пакувано месо, деликатеси и млечни производи. Овој маркет има и сопствен паркинг за купувачите.

Маркетот во Нови Сад е на адреса Партизанска улица 42а и покрај широкиот асортиман на производи, оваа продавница има две стандардни и две самоуслужни каси, како и паркинг.

Во Белград се реновирани „Макси“ супермаркетите на Булеварот на слободата 44  и на Народни херои 42 во Нов Белград.

Покрај тоа, модернизиран е „Мега Макси“ во Краљево кој се наоѓа во индустриската зона „Сеовац“. Потрошувачите во оваа продавница на располагање ќе имаат „Свежа зона“, „Мега здраво зона“ и зона „Мега штедење“. За ефикасно искуство во купувањето покрај стандардните каси, на купувачите на располагање им се шест самоуслужни каси.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...