„Краш група“ во првата половина од годинава остварила нето добивка од 3,86 милиони евра, што е 27,6 отсто повеќе отколку во истиот период од минатата година.
Во овој период ЕБИТДА достигна 9,61 милиони евра, што е за 1,56 милиони евра или 19,4 отсто повеќе отколку лани, додека маржата на ЕБИТДА изнесувала 11,6 отсто и била повисока за 0,7% во однос на истиот период од минатата година.
Во првата половина од годинава, компанијата остварила консолидирани вкупни приходи од 89,67 милиони евра, што е за 9,4 милиони евра, односно 11,7 отсто повеќе отколку во истиот период од 2023 година.
Вкупните консолидирани расходи на компанијата за овој период достигнале до 84,98 милиони евра, што е повеќе за 11% во однос на лани.
Остварениот продажен волумен од кондиторскиот асортиман, изнесува 18.042 тони, што е за 679 тони, односно 3,9% повеќе во однос на претходната година.
Во изминатиот период „Краш група“ оствари пораст на приходите што го сметаме за успех и потврда за исправноста на нашата стратегија. Меѓутоа, забележуваме и зголемување на расходите кое е поттикнато од рекордно високите цени на какаото, што е наша основа суровнина, која го достигна највисокото ниво во последните 50.години. Иако сме задоволни од постигнатите резултати, пред нас е предизвикувачки дел од годината. Сепак, успешните резултати од првата половина на годината ни даваат цврсти темели за зачувување на стабилноста во вториот дел од годината, изјави Маријана Кнежевиќ – Тудиќ, претседателка на управата на „Краш“.
Извор: Poslovni
Фото: „Краш“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.