Регион

Црна Гора: Министерството за земјоделство е против акцизата за вино

30 Jul 2024

Министерството за земјоделство на Црна Гора смета дека воведувањето на акцизата за вино од 25 евра на сто литри, што е предложена со нацртот од фискалната стратегија, нема да придонесе за развојот на работењето на црногорските винарии и дека усвојувањето на предлогот би бил создал проблеми за понатамошниот развој на винскиот сектор.

Со нацртот на фискалната стрегија, која е на јавна расправа до 7.август се предвидува и воведување на акциза од 25 центи по литар за сите видови на вино освен на пенливите за кои акцизата е воведена порано.

Како што акцизата ќе влегува во основицата за ДДВ, зголемувањето на данокот на овој износ би изнесувал 30,25 центи по литар, а со тој пораст процентуално   следело и зголемување на трговските маржи.

Со воведувањето на оваа акциза, доколку биде усвоена, таа ќе стапи во сила на почетокот на следната година, а владата со неа планира во буџетот годишно да се слеат 4 милиони евра.

Производителот би ја плаќал акцизата однапред за време на флаширањето (со купување на акцизна маркица), а понатаму трошокот би се префрлал на трговците и угостителите, а и на крајниот купувач.

Сметаме дека е во корист на развојот на винарството и производстово на вино во Црна Гора, да се најде компромисно решение со оглед дека овој документ уште е во фаза на јавна расправа. На овој начин би се спровеле мерките на владата, а истовремено ќе се заштитат и производителите кои со своите производи ја претставуваат државата на најдобар начин, соопштуваат од министерството за земјоделство.

 

 

 

Извор: Bankar.me

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...