Регион

Словенија: „Шпар“ лансира кампања со помош на ВИ

24 Jul 2024

„Шпар“ – Словенија во рамките на најновата кампања лансира рекламен спот кој е креиран со помош на вештачка интелигенција.

Ова е првиот рекламен спот кои компанијата ќе ги лансира во следниот период а кои целосно ќе бидат креирани со помош на вештачка интелигенција.

Спотовите се креирани со помош на програмите „Ранавеј 3“ и „Дрим машин“ додека во завршното уредување се користени алатки како „Мид џорнеј“, „Креа“  и „Магнифик“.

 Посветеноста на иновациите и потрагата по современи решенија во различни области е дел од културата на „Шпар“, а во последно време докажуваме дека е можно брзо и ефикасно да се имплементираат нови решенија базирани на вештачка интелигенција. Веќе бевме импресионирани од технологијата и квалитетот на резултатите при тестирањето, а такви решенија секако ќе користиме и во иднина, бидејќи сме убедени дека на овој начин можеме да ја зголемиме ефикасноста на нашето производство, трошоците и да се достигне ново креативно ниво на производство на видео содржини, рече Алеш Попиќ, раководител на дигитални маркетинг услуги во „Шпар“ – Словенија.

Компанијата во креирањето на спото соработуваше со продукциската куќа „Брајт“ и агенцијата „101.

 

Извор: InStore.si

Фото: „Шпар“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...