Компанијата „Подравка“ како префериран деловен партнер е повикана на финализација на преговорите во врска со купувањето на земјоделските компании на „Фортенова група“.
Согласно со тоа, „Подравка“ и „Фортенова група“ потпишале договор за екслузивност со која се потврдува дека „Подравка“ е префериран партнер и на основа на тоа, за преземањето „Подравка“ ќе уплати и депозит во износ од 15 милиони евра.
Завршувањето на процесот на продажба ќе следи по дополнителни преговори и координација на договорот за продажба и добивање на сите потребни одобренија од регулаторните тела во Хрватска и регионот, соопштуваат од „Подравка.“
Почнавме да ги испитуваме интересите за продажба за нашата деловна област од земјоделството, со желба да ја максимизираме вредноста и да ги идентификуваме потенцијални партнери кои ќе гарантираат развој и одржливост на оваа важна државна дејност и ќе обезбедат понатамошен развој на бизнисот и вработувањето, што ќе резултира со економски напредок на целиот регион на Славонија и Барања. Во „Подравка“ најдовме токму таков партнер за нашите земјоделски компании. Дополнителна предност на „Подравка“ е фактот што со неа би добиле стратешки партнер кој ќе продолжи да им обезбедува на „ПИК Врбовац“ и „Фортенова“ квалитетни домашни суровини за понатамошна преработка и производство. Поради тоа сум сигурен дека со изборот на екслузивно преговарање за деталните услови на купопродажниот договор со „Подравка“ ја донесовме најдобрата одлука не само за земјоделските компании и за нашите вработени, туку и за сите други чинители, изјави Фабрис Перушко, член на управниот одбор и главен извршен директор на „Фортенова група.“
Многу сме задоволни што „Фортенова група“ ја препозна понудата на „Подравка“ како најдобра. Иако има уште многу работа до склучување на трансакцијата, сигурен сум дека ова преземање би отворило нов простор за стабилен раст и развој на земјоделските компании на „Фортенова“, почитувајќи ја нивната вековна традиција. За компаниите „Белје“, „Вупик“ и „ПИК Винковци“ успешното склучување на трансакцијата ќе значи влез во успешната и стабилна група на „Подравка“. Сигурен сум дека тоа ќе има силно, позитивно влијание врз натамошното зајакнување на хрватското земјоделство. Дополнително, за „Подравка“, како најголема хрватска мултинационална компанија, оваа аквизиција претставува нова можност за проширување и раст на бизнисот, изјави Мартина Далиќ, претседател на Управниот одбор на „Подравка“.
Земјоделските компании што треба да ги преземе „Подравка“ („Белје“, „ПИК Винковци“, „Вупик“, „Енергија Градец“, „Беље Агро-Вет“ и „Феликс“) би продолжиле да работат како независни трговски друштва и по завршувањето на трансакцијата заедно со секторот „Храна и фармацевтски производи“ да формираат нов деловен субјект, односно третиот столб на бизнисот на „Подравка.“
Од компанијата додаваат дека преземањето ќе се финансира со кредити од деловните банки, а се очекува партнер во трансакцијата да биде Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Извор: InStore.hr
Фото: „Подравка“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.