Компанијата „Виндија“ соопшти дека остварените приходи за 2023 година изнесуваат 539 милиони евра, што е пораст за пет отсто во однос на претходната година.
Ревидираните финансиски извештаи на компанијата покажуваат дека во тој период нето добивката пораснала за 170% и изнесува 36,5 милиони евра.
Меѓутоа, продажбата на компанијата имала пад во количината, а порастот на просечните продажни цени на млекото и соковите била 12%, на месото 11%, од што може да се заклучи дека порастот на продажбата бил остварен благодарејќи на овој пораст на цените.
Во 2022 година компанијата остварила пораст на добивката од 2,43 милиони евра, а приходите изнесувале 459, 68 милиони евра (пораст од 7,6 отсто).
Извор: Danica
Фото: „Виндија“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.