Регион

Србија: „Дон Дон“ понуди 6,3 милиони евра за преземање на „Житопек“

25 Jun 2024

Компанијата, „ДонДон“ кој е дел од словенечкиот производител на индустриски пецива, соопшти дека дале понуда за откуп за преостанатите 49,2 отсто од нишкот „Житопек“, за цена од 6,3 милиони евра (738 милиони динари), за да постигне целосна сопственост на компанијата.

За 121.977 акции на „Житопек“, понудена е цена од 6.047 динари по акција, се наведува во документацијата која што е објавена на порталот на „Белградската берза“.

Словенечката компанијата моментално поседува 125.922 акции во „Житопек“ односно има удел од 50,8 отсто во нишката компанија.

Како што се наведуваат, со понудата за преземање на акциите, понудувачот нема намера да ја менува основната дејност и целите на компанијата.  местото на   работење и има за цел да инвестира во натамошниот развој на компанијата.

Во понудата на претставништвото на „Дон Дон“ во Белград стои дека настапуваат заедно со матичната „Дон Дон“ и нејзините два сопственика, словенчеката трговска компанија „Амал наложбе“ и словенечката инвестициона фирма „КЈК инвестиции 2“, како и со компаниите од Луксембург „КЈК дискавери холдинг“ и „КЈК Балкан холдинг“, како и со „ББ глобал инвестинг холдиг СЛ“ од Мадрид.

На „Белградската берза“  последен пат со акциите на „Житопек“ се тргуваше на 16.мај која вредноста им падна на 8.4300 динари, односно 0,3 отсто.

 

 

Извор: „Нова економија“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...