Се погласни се шпекулациите дека „Перутнина Птуј“ ќе го пресели своето седиште од Словенија, пренесува SEEbiz.
Пред неколку месеци веќе се зборуваше за тоа, а љубљански „Дневник“ неодамна објави информација дека во тек се последните подготовки.
Одлуката за промена на седиштето, како што пренесува порталот, е поврзана со создавање на холдинг која ќе управува со инвестициите на компанијата во регионот.
Како што пишува SEEbiz, матичната компанија од Птуј со тоа ќе стане само една од фирмите ќерки на новиот холдинг.
Да потсетиме, минатата година „Перутнина Птуј“ оствари приходи од 504 милиони евра, додека ЕБИТДА достигна 90 милиони евра.
Компанијата неодамна најави влез на албанскиот пазар. Антимонополската комисија на Украина (AMCU) им додели лиценца на словенечкиот производител на живина „Перутнина Птуј“, филијала на украинската групација MХР, и на албанската компанија „Балфин“ за основање заедничко вложување во „Перутнина Птуј“ - Албанија. Според договорот, словенечката компанија ќе има 81 отсто од уделот во заедничката компанија, а албанската 19 отсто, додека двете компании заеднички ќе управуваат со неа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.