Како што пренесува порталот sveonovcu.rs, во Србија пристигнаа продавниците „Вендобокс“ кои ќе се отворени по 24 часа и во кои производите ќе можат да се купуваат преку вендинг машини.
„Вендобокс“ е нова франшиза која создадена пред нешто повеќе од една година во Унгарија, каде што моментално има над 40 продавници.
Станува збор за продавници во кои се сместени вединг апарати во кои се нудат пијалаци, кафе и грицки, а имаат и АТМ уреди за подигнување на пари. Предноста на овие продавници е шт о се отворени 24 часа во текот на целата недела и што нема потреба од присуство на вработени лица.
Првата „Бендобокс“ продавница во Србија според плановите ќе се отвори во средината на јули во Белград, а сопственикот на франшизата за Србија и Хрватска, Боги Цветковиќ изјави дека оваа франшиза ќе биде достапна и за другите кои заинтересирани на овие пазари.
Предноста на овој концепт е што во пракса се покажа дека може да функционира во мали места со околу 15.000 жители. Важно е локалот да е со големина од 20 до 50 квадратни местри и да биде на фреквентна локација, во близина на училишта, автобуски и железнички станици, но да не биде прескапо. Идеална ситуација е примателот на франшизата да биде сопственик на локалот, затоа што издавањето е најголемиот трошок. Голема предност е што овие продавници немаат вработени. Па затоа нема потреба од барање на лица за работа кои во моментов се дефицитарни, изјави Цветковиќ.
Според неговоте проценки, почетната инвестиција за купување на апаратите и опремувањето на локалот е околу 15.000 евра.
Извор: sveonovcu.rs
Фото: „Вендобокс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.