Регион

Србија: „Гомекс“ отвори нови маркети во Крагуевац и Футог

03 Jun 2024

Трговскиот синџир „Гомек“ продолжува со ширење на својата малопродажна мрежа.

Во петокот, на 31. мај  „Гомекс“ ги отвори новите маркети во Крагуевац и Футог, а со работа повторно започна и реновираниот малопродажен објект во Нови Сад.

 Новоотворениот маркет во Крагуевац се наоѓа на улицата Радоја Домановиќ, 37 и се протега на површина од 156 квадратни метри. Потрошувачите во овој маркет ќе имаат на располагање асортиман од 5.000 артикли и свежи пецива од сопствената пекарница, а маркетот се вработени седум лица.

       javascript:void(0)

Маркетот во Футог е прв продажен објект на компанијата во овој град и се наоѓа на улица Раде Кондиќ, 118. Продавницата има продажен простор од 170 квадратни метри, а во неа се вработени седум лица.

 Реновираниот маркет во Нови Сад се наоѓа на аголот помеѓу булеварот Европа и улицата Теодора Павловиќ. После адаптацијата, потрошувачите во овој маркет ќе можат да уживаат во своето купување во целосно нов амбиент, соопштуваат од компанијата.

         

 Од „Гомекс“ најавуваат дека во јуни ќе продолжат со ширењето на малопродажната мрежа.

 

Извор: Instore.rs

Фото: „Гомекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...