Регион

Србија: „Имлек“ го одбележа Светскиот ден на млекото

31 May 2024

Компанијата „Имлек“ по повод Светскиот ден на млекото донираше над 6.000 пакети од чоколадното млеко Moja Kravica во детски Центри во  Белград и Нови Сад.

 Радосни сме што и оваа година ја продолжуваме традицијата со одбележување на Светскиот  ден на млекото преку дружење со децата од најчувствителните општествени категории. Со донирањетп на млечните пакети придонесуваме за нивното среќно и здраво растење. Редовното конзумирање на млеко позитивно влијае за развојот на коските и забите, како и кај конгитивните функции како што се учењето и памтењето.  Moja Kravica е симбол за безгрижно детство на многу генерации и се трудиме  во иднина да го разубавиме овој период од животот на што поголем број на деца, изјави Марија Маловиќ, регионална менаџерка за комуникации и корпоративно работење во „Имлек“.

 Од 2000 година, Светскиот ден на млекото се одбележува на 1.јуни, со цел да се зголеми свеста за важноста на млекото и млечните производи во исхраната.

 Изминатите години, „Имлек“ спроведе  над десет општествено одговорни акции со цел да се подобрат условите за живот на најмладите.

 

Извор: InStore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...